Сензорна соба и Дефектолошки кабинет

Центарот „Мајка Тереза “ Гевгелија во склоп на својата работа нуди и услуги за сензорна интеграција. Со опремена сензорна соба која се простира на околу 100м2 се работи по принципите на Jean Ayres. Терапијата која вклучува сензорна интеграција им нуди на нашите корисници организирање или реорганизирање на информациите кои стигаат преку нашите сетила за користење. Со сензорна интеграција се опфатени корисници кои имаат аутистичен спектар на однесување, Аспергер синдром, АДХД, нарушувања во сензорното процесирање, бихевиорални нарушувања и др. За секој корисник кој користи терапија на сензорна интеграција се изработува сензорен профил, по кој се поставуваат целите за корисникот.(MSSA Macedonian Scientific Society for Autism, CSPER centar za edukaciju I rehabilitaciju)

Освен сензорна интеграција се користат методи на PECS и АBA (применета бихевиорална анализа) за корисници со аутизам, други лица со посебни потреби со лесни и умерени сознајни говорни нарушувања.(Specialized educational center for autism Monorodi Greece)

Арт терапијата е застапена и фокусирана на добивање на нови вештини кај корисниците преку акциско базирани активности, со динамични едукациски принципи и  сето тоа насочено за здобивање и подобрување на социјални вештини, когнитивен раст, емоционална поткрепа и увежбување на сензомоторните вештини. (BAAT Bulgarian Assisiation of Art Therapy)

Како дел од Фондацијата за едукациската кинезиологија се користат методите на Brain Gym програмата.  Таа им нуди на корисниците преку 26 активности комбинирани со други техники за движење да се подобри постурата, латерализацијата, координацијата, моторното планирање. А преку тоа и совладување на академски вештини.(EDUMUEVO Croatia)

Во практичната работа со корисниците се користат и принципите за работа на Марија Монтесори како оптимален начин на работа за постигнување цели преку позитивен став, слободно движење и колаборативна игра (Македонско Монтесори Здружение)

Како дел од терапевските методи е и Интеграција на Примитивните Рефлекси кои преку серија на структурирани вежби се инхибираат односно интегрираат, за подоцна појавување на постурални рефлекси кои се зрела мрежа на одговори при движења. (Магистерски студии)

 

Работата на дефектолошкиот кабинет е поткрепена со програма која е специјално креирана за корисниците на кои им е потребна и вклучува работа која се води по развојните стандарди на детето. Имено во дефектолошкиот кабинет се користат и практични алатки за ученици со дислексија, дисфрафија и дискалкулија (Здружение Ајнштајн).

 

Кинези-Физио Терапија

Овој простор опфаќа третирање на скоро сите проблеми со локомоторниот апарат како и
психомоториката и биомеханиката на нашите корисници. Опремени сме со голем број справи,
реквизити-помагала, најсовремените кои ги има во употреба низ цел свет. Се работи етапно со
претходно добиени мерни вредности од тестирањата кои се прават на почетокот.
Најчесто се работи индивидуално, а по потреба и групно, се со цел да се постигнат што е
можно подобри резултати. Успехот е скоро загарантиран доколку родителите се придржуваат
до упатствата од професионалниот тим на нашиот центар.

Дел од справите:
Класичен рипстол
Мрежен полустабилен рипстол
Најизменичен рипстол
Полигони со мека полустабилна подлога
Ceragam -акопресурен кревет за масажа со полудрагоцени камења.
Сите видови на рачна масажа и стимулација.
Техноџим лента за пешачење и трчање со сите комбинации.
Нестабилни (гравитациони) подлоги и др.