“Ослободи го потенцијалот во детето и ќе го освои светот“ - др. Марија Монтесори

Зошто Монтесори? Кои се предобивките од Монтесори образованието?

Овој метод му помага на вашето дете да развие независност, чуство на емпатија (да сочувствува со другите) социјална правда и непрекината љубов кон учењето.

Секое дете се стреми како посебна индивидуа. Монтесори образованието препознава дека сите деца имаат разни интереси и учат на различен начин. Секое дете учи тогаш кога е самото спремно, воден од возрасен и индивидуален план за учење.

Децата се дел од заедницата. Преку учење со деца од различна воздраст, децата добиват смисла на семејство. Поголемите деца се ментори на помалите,  а помалите уживат во грижата на поголемите.

Почнувајќи со работа од помала воздраст, децата развиват независност, концентрација. Посебниот модел на самата училница и дизајнот на матријалите, прави кај детето да се развие само-регулација (способност самите да ги увидат грешките во учењето и преку нови обиди да научат).

Децата уживат во слободата без граница. Водени од своите едукатори, децата се активни учесници во одредувањето на тоа која активност или вештина ќе ја учат. Децата сами доаѓаат до одговорот на сопствените прашања.

Монтесори ја подржува социо-емоционалната страна од развојот на детето.

Кај децата се гради самодовербата,грижата за другиот, но и одбрана на сопствениот интерес, сочуството со другиот,  како и правење разлика со цел тоа што е добро или лошо за сите околу нас/нив. Се развиваат љубопитноста, потребата од истражување, пронаоѓање да се реши некој проблем. Монтесори педагогијата е подготовка за живот-родител.