На 03 декември 2018 г. во 10 ч. во Народниот Театер – Гевгелија, Центарот ,,Мајка Тереза’’ од Гевгелија во соработка со општината односно Дневниот центар за лица со посебни потреби, НВО ,,Внимание’’ и Фондација Аполониа ќе го одбележат Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби под мотото ,,Секој е важен’’ и ,,Да не оставиме никој зад нас’’. Отец Димитар Ташев – основач на Центарот ,,Мајка Тереза’’ и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков ќе дадат свои обраќања во врска со настанот. Присутните на настанот ќе можат да дискутираат на тема „Што локалната заедница може да направи за поголема инклузивност и еднаквост„. Потоа следува доделување на наградите од литературниот конкурс, како и изложба на уметнички дела. ОМУ „Васо Карајано’’ и драмската група „Дон Кихот’’ ќе учествуваат со своја програма за одбележување на самиот настан.
0 Коментари
Сеуште нема коментари.