Марија Монтесори – познат италијански педагог, доктор и филозоф. Позната е по својот таканаречен “Монтесори’’ образовен систем базиран за развивање на чувствата на децата и нивните родители. Со своите правила таа ќе ве посочи како преку индивидуални активности да му го зајакнете психолошкиот развој и иднината на вашите деца.

 

1. Ако сте искрени со детето, тоа ќе научи да биде фер.

2. Едуцирајте ги децата со предметите што ги опкружуваат.

3. Ако детето е често критикувано, тоа ќе научи да суди.

4. Ако детето често добива пофалба, ќе научи да процени.

5. Ако детето често се исмејува, секогаш ќе се срами од себе.

6. Ако детето живее со чувство на сигурност, тоа се учи да има доверба

7. Ако едно дете често се обвинува, секогаш ќе се чувствува виновно.

8. Ако детето често е одобрувано, се учи на самодоверба.

9. Ако детето е често весело, тоа развива доверба во себе.

10. Ако детето живее во атмосфера на пријателство и меѓусебна потреба, тоа учи да најде љубов во светот.

11. Не зборувајте лошо за детето во неговото или нејзиното отсуство.

12. Концентрирајте се на добриот развој на детето и во вашите мисли нека нема простор за лошо.

13. Бидете активни во подготовката на неговата околина. Бидете внимателни и постојани во грижата за тоа. Покажете ја локацијата на сите елементи и развијте ги вистинските начини за работа со нив.

14. Бидете подготвени да одговорите на повиците на детето кога му требате и секогаш бидете подготвени да ги слушате неговите зборови.