Во Гевгелија беше организирана изложба на уметнички дела од лице со попреченост во развојот, Христина Смилкова од, Центарот Мајка Тереза во соработка со родителите на Христина Смилкова и Домот на културата од Гевгелија . На изложбата, беа претставени 20 нејзини дела во повеќе техники,  со молив така , акварел,срма,изработки на слики мозаик, колажи,плетени и везени предмети. Уметничките дела на Христина се изработени во склоп на креативната работилница при Центар Мајка Тереза .

„Моето име е Христина Смилкова. Имам 15 години. Јас сум девојче како секое друго девојче. Се радувам на убавите нешта, плачам кога сум тажна. Но сепак во нешто сум посебна. Јас имам аутизам“, вака го започнува својот есеј Христина која вели дека не е различна од другите, туку посебна. Понекогаш слуша звуци што другите не ги слушаат, понекогаш вика и плаче, но сепак се смее и се радува како и сите ние.

Таа има вистинска причина да биде радосна, затоа што нејзе и се случи првата самостојна изложба на дела создадени токму од неа. Своите творби Христина ги работела дома и во центарот за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“.

Во Народниот театар во Гевгелија, во организација на Домот на културата, пред многубројната публика Христина го имаше своето деби. Се смееше и плачеше од радост, ги прегрнуваше и бакнуваше присутните и навистина докажа дека различности не постојат, докажа дека е упорна за да создаде резултати.

Христина учи во ООУ „Владо Кантарџиев“. Таа е одлична ученичка и во нејзиниот свет луѓето не се делат „на добри и лоши, убави и грди, богати и сиромаси“. Таа вели дека „секој ја игра својата игра. Би сакала барем за момент да ѕирнете во мојот свет, а јас во вашиот и заедно да го направиме овој свет подобро место за живеење“.

Сликите и творбите што Христина ги изработувала во изминатиот период ја видоа светлината на денот, но и повеќе од тоа, докажаа дека навистина во овој свет творештвото е јазикот со кој сите можеме да се разбереме, творештвото е нитката што нѐ поврзува и нѐ прави горди.

Повеќе слики на линкот :

ПРВА ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ХРИСТИНА СМИЛКОВА