Центарот Мајка Тереза има овозможено превоз на дел од корисниците со сопствено возило .
Има вработено возач кој има поминато обука за превоз и помош на лица со попреченост. Возилото е комбе и е прилагодено спрема потребите на корисниците. Освен од градот, превозот го користат и децата од Негорци, Богородица и Богданци, од понеделник до петок. Дневно, во просек, комбето изминува по 55 до 65 км. Освен за редовното транспортирање на децата на релација дома - ц. Мајка Тереза – дома, комбето го користиме кога одиме на настани поврзани со активностите од социјална инклузија, кои освен во градот Гевгелија, исто така се одвиваат и пошироко во општината и надвор од неа.
0 Коментари
Сеуште нема коментари.