На ден 16 и 17 Ноември во Центарот Мајка Тереза со организација од Национална
Алијанса на Лица со Посебни Потреби се одржа семинар под наслов Само помош.
Семинарот беше предвиден како дел од проектот ХУБилитиес, спонзориран од
Реновабис и Каритас Италија.
Предавач беше Г-дин Валон Исмаили кој е одговорен за Косовскиот центар за
самопомош, лоциран во Приштина. Тој е достапен за поддршка на активностите на
Центарот „Мајка Тереза“ за методологија за самопомош за родители на деца со
посебни потреби.
Семинарот беше наменет пред се за родители на деца со посебни потреби, стручни
лица и за сите други заинтересирани.
Што е група за само-помош?
Тоа е можност да се сретнат личности, индивидуи, во парови или фамилии, обединети
од иста проблема (зависност, ситуација на нужда, воопшто проблема) за да ја прекинат
изолацијата, да си ги раскажат еден на друг своите искуства (среќни или болни), да
разменат информациите и возможни решенија, да споделат страдања и постигнувања
со помош на откривање на самите себе како ресурс не само за себеси, но и за целата
заедница. (Stefano Bertoldi) 
На семинарот присуствуваа 30 лица кои што добија сертификати од оваа област, кои
што ќе почнат да ги формираат групите за самопомош се со цел да им се помогне на
сите кои што имаат потреба од помош.

Повеќе слики на линкот https://www.facebook.com/pg/centarmajkatereza/photos/?tab=album&album_id=562994367600618