ЦЕНТАРОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ ДОБИ ПРОСТОР НАМЕНЕТ ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЗА НИВНО РАБОТНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Центарот за згрижување на лица соо посебни потреби „Мајка и Тереза“ неодамна доби на користење за период од 10 години, објект од околу 100 м2, и дворна површина околу 2 000 м2 од Општина Гевгелија. Објектот, подолго време беше запуштен и неодржуван подолго време. Затоа, деновиве трае потребното реновирање и оспособување на просторот спрема потребите на корисниците. .Во оспособувањето се активно вклучени и лицата посетители на Центарот, вработените во овој центар, како и повеќе фирми од општината. Реновирањето е овозможено со материјална помош од неколку локални фирми, донации од поединци, и поголемиот дел од наши сопствени средства.
Раководителот на Центарот „Мајка Тереза“, отец Димитар Ташев ни објаснува, „Овој простор е потребен за да физички се направи поделба на корисниците заради разликите во возраста, а со тоа и нивните потреби. Конкретно овој простор ќе биде наменет за повозрасните корисници,кои најпрво имаат потреба од малку подолг престој. Кај овие лица конкретно се работи на работно оспособување и затоа наместо досегашните 3 часа, предвидено е да престојуваат по 5 часа дневно. Во дворот ќе има повеќенаменско игралиште и фитнес справи за подобрување на физичката активност. Исто така ќе имаат зголемени градинарски активности.За таа цел ќе има отворена и затворена градина каде ќе има посадено цвеќиња, зеленчук,овошки,билки, а ќе има и мини-фарма. Овде ќе биде застапена и уметничка работилница . И да не ја заборавиме основната цел,односто активност-совладување на животни вештини што вклучува стекнување навики за лична хигиена и хигиена на просторот, комуникациски вештини, и поголема социјална инклузија во соработка со нивни врсници со типичен развој од надвор.Не изостанува и вклучувањето на родителите во некои активности, завршува отец Димитар Ташев

Превземен текст од ТВ Нова TV NOVA

Image may contain: sky and outdoorImage may contain: 2 people, people standing, sky, outdoor and nature