Децата од Центарот за лица посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија денес организираа еколошка акција за садење на 30 овошки во дворот на идниот објкект на Центарот, кај поранешна Касарна.

Image may contain: 4 people, people standing and outdoor

На настанот присуствуваше, а заедно со штитениците на центарот, овошки засади и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Со оваа еколошка акција, всушност, продолжија активностите за уредување на дворот и целосна реконструкција на објектот во рамките на Центарот „Мајка Тереза.

              Имено, Општина Гевгелија со посебна Одлука на Советот на Општината, напуштениот објект во кругот на поранешна Касарна, инаку во сопственост на Општината, му го додели на времено користење на центарот „Мајка Тереза“. Во тек е акцијата за целосна реконструкција и уредување на објектот и дворната површина која се реализира со поддршка од повеќе донатори. Според Димитар Ташев од Националната алијанса на лица со посебни потреби која располага со Центарот „Мајка Тереза“, објектот ќе се користи за престој на повозрасни деца со посебни потреби бидејќи постојниот објект со кој располага центарот, е претесен да ги задоволи зголемените барања за престој на деца со посебни потреби. Истовремено, со новиот објект и неговата околина се создаваат услови за организирање на практични вежби и работа во градина.

              Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, изјави дека Општината редовно ги поддржува активностите на Центарот „Мајка Тереза“ и Дневниот центар за деца со посебни потреби, како и на другите слични здруженија и институции. Финансискиот дел од поддршката се остварува преку посебна Програма за финансиска поддршка на активностите и проекти на НВО, во која годинава се подржани и активностите на повеќе здруженија на лица со телесен инвалидитет и ранливи категории на граѓани.

              - Немавме никакви дилеми кога од Центарот „Мајка Тереза“ добивме Барање за користење на напуштениот објект кај Касарната за проширување на дејноста на овој Центар. Бидејќи и тоа е една од можностите, како Локална самоуправа, да им помогнеме на децата и лицата со посебни потреби, како и на нивните родители, рече Поцков.

Галерија на слики 

Превземен текст од Општина Гевгелија