Image may contain: sky, house and outdoor

Веќе подолго време се изведува реконструкција на објектот од 100 м2 и дворна површина од 1600 м2, доделен од општина Гевгелија, кај старата Касарна, која ќе се користи од страна на Центарот „Мајка Тереза“ за работилница за креирање и изработки, со можност и за надворешни сензорни работилници.
Како што ни изјави раководителот на овој центар, отец Димитар Ташев, со овој објект Центарот „Мајка Тереза“ ќе може да ја прошири својата активност. Имено, потребно ни е, вели Ташев, да направиме простор кој ќе биде наменет за работното оспособување на повозрасните наши корисници, кои овде, наместо по 3, ќе престојуваат по 5 часа дневно. Во дворот ќе има повеќенаменско игралиште и фитнес справи. Исто така планираме да направиме затворена овошна и зеленчукова градина како и една мини фарма. Нормално, во склоп на овој објект ќе биде застапена и креативна работилница. Основната цел е нашите штитеници да ги совладуваат различните животни вештини, да стекнуваат навики за лична хигиена и хигиена на просторот, како и поголема социјална инклузија во нивната соработка со нивни врсници со типичен развој.
Поради лошата сочуваност на објектот направени се поправки на кровот и целосно внатрешно уредување и санирање на оштетените простории. Поставена е инсталација за подно греење, нови прозори,пвц врати, внатрешно се поставени плочки.Изработена е сосема нова кујна за потребите на лицата кои ќе престојуваат во овој објект. Равнење на земјиштето,дополнување со плодна земја.Целата површина околу објектот е дополнета со плодно земјиште, посаден е овоштарник, и зелен појас, а истата е оградена со ограда и столбчиња.
И покрај поголемиот број на донации од голем број на фирми и поединци од Гевгелија, Струмица, Николиќ, Радово и Василево , Центарот сепак има потреба од дополнителни предмети како , машина за садови, печка на пелети, 12 столови , бекатон плочки 500м2, плочки подни надвореши 40м2, профили за фолија (должина и ширина) 10х10, црево за наводнување и најлон за фолија.

Инаку, Центарот Мајка Тереза изобилува со активности кои вклучуваат програма за рана интервенција во сензорнa соба, терапевтска соба за физиотерапија, окупациона програма за подобрување на животните вештини и работното оспособување преку повеќе работилници, социо-едукативни активности за поддршка на родителите, активности за градење капацитети и развој на стручните лица од центарот и активности за социјална инклузија со деца со типичен развој.Овој центар има индивидуалнен пристап кон корисниците, чести индивидуални часови со стручните лица, програми кои вклучуваат успешни и признати светски методи со докажани резултати и успеси во работењето со децата со посебни потреби, работењето на животните вештини и работното ангажирање најрано што е можно и фокусирањето на способностите и интересите на корисниците. За корисниците кои се вклучени во активности на центарот има обезбеден превоз од нивните домови.
Центарот е финансиран од Реновабис и Каритас Италија, а спроведен од апостолскиот егзархат во Македонија, „Националната Алијанса за лица со посебни потреби – Гевгелија“ Овој центар претставува дел од проектот „HUBilities – Основање на Центар за лица со посебни потреби во Гевгелија.Главна цел е зголемувањето на социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби

Текстот е превземен од ТВ НОВА Гевгелија

Image may contain: kitchen and indoor