Сите знаеме каква е радоста кога примаме. Но таа радост е краткотрајна. Нашите животи се побогати кога споделуваме и таа голема внатрешна радост доаѓа од тоа да помогнеме некому да го подобри својот живот.

Еднаш. Кјара Лубик ќе рече:

''Мораме да живееме ширејќи ја “Културата на давање“. (...) Имајте на ум дека вие треба да го задржите за себе само неопходното, исто како што прават растенијата. Растенијата примаат вода, минерали, и други неопходни материи од почвата, но ништо повеќе од тоа. Секој од нас треба да го има неопходното, но се останато може да биде дарувано, односно ставено во заедница со другите.

Можеби ќе речете: “Но јас немам ништо за дарување.“ Тоа не е точно. Доколку искрено посакуваме, имаме вистинско богатство за дарување: нашето слободно врем-е, нашите срца, нашата насмевка, нашиот совет, нашата култура, нашиот мир и нашите зборови да ги убедиме тие што “имаат“ да даруваат на тие што “немаат“.

Повторно ќе речете: “Но јас не знам кому да дарувам...“ 

Погледни околу себе. Се сеќаваш на оној болниот во болницата? На постариот човек кој е постојано осамен? На соученикот кој е тажен поради некој мал неуспех во училиштето? Помладиот брат кому му треба помош? Пријателот во затвор? Чиракот кој се бори?...''.