Од 05 август 2020 година Центар Мајка Тереза повторно започна со работа која инаку беше спречена поради мерките за Ковид-19. Работата ќе се одвива според протоколи зададени од Владата како што се носење маски и визери, дезинфекција пред, меѓу и по завршување на активностите во просториите на Центар Мајка Тереза, мерење телесна температура, вклучување на соба за изолација и слично. Групите на корисници кои ќе доаѓаат во Центарот и работилницата ќе бидат со ограничена присутност. Ваквиот план на работа ќе остане во функција се до стабилизација на ситуацијата со вирусот.
0 Коментари
Сеуште нема коментари.