Постојат многу здравствени придобивки од поседување милениче. Тие можат да ги зголемат можностите за вежбање, излегување надвор и социјализирање. Редовното одење или играњето со миленичиња може да го намали крвниот притисок, нивото на холестерол и нивото на триглицерид. Миленичињата можат да помогнат во управувањето со осаменоста и депресијата, давајќи ни придружба.

Дружењето и грижењето со животните се дел од нашата програма во работилницата. Учиме да се грижиме за нив, меѓутоа дружењето со нив е неизбежно. Приметивме дека децата со нив се среќни. Не им претставува напор грижењето за нив, туку напротив им причинува задоволство.

Поради тоа што се непосредно во наша близина, хигиената на животните е од клучно значење, па се залагаме и за тоа. После секое дружење со животните ги миеме рацете за да бидеме чисти и безбедни.

Да заклучиме дека животните се пријатели на нашите деца. Дружењето со нив внесува голема радост.