Би можело да се рече дека текот на денешното секојдневие е прилично хаотично брзо. Сите ние сакаме а и сме навикнати се што ќе посакаме да се оствари токму сега, кога ќе занишаме со магично стапче, без ни малку да чекаме. Тоа го гледаме и во секојдневните работи: Очекуваме пакети испорачани истиот ден, очекуваме резултати веднаш по започнување со вежбањето, го читаме резимето наместо целосната содржина на книгата. Денешните навики не' доведоа до карактеристики како што е нетрпеливоста. Но можеби е време да подзастанеме и внесеме малку трпеливост во нашиот живот.