
Програма за рана интервенција- вклучува индивидуална работа со дефектолог во соба за сензорна интеграција со деца од најмала возраст.
Опремена со најсовремена опрема и претставува идеална средина за учење и поттик на развој.
Дефектолозите преку игра и според интересите и можностите на детето го организираат третманот.
Применуваат и голем број на докажани методи како психомоторна реедукација, сензорна интеграција, art therapy итн.
Во собата за сензорна интеграција преку избрани активности се стимулираат сетилата и на индиректен начин се работи на подобрување на општата функционалност на детето.
Сето тоа придонесува да се подобрат вештините кои се наоѓаат на повисоко ниво како говорот, вниманието, крупна и фина моторика,однесувањето, школските вештини и др.
0 Коментари
Сеуште нема коментари.