Терапевтска соба - опфаќа индивидуална работа на физиотерапевт со корисници од најмала возраст до најголема. Целта е континуирано следење на растот и развојот од целото психомоторичко функционирање како и подобрување и отклонување на веќе затекнатите состојби кои отстапуваат од границите на нормалните вредности на секој корисник поединечно. Тука се евидентира фактичката состојба во еволуационите тестови и според тоа се работи на подобрување на комплетните способности во локомоторниот апарат како и психомоторичката активност.

Дел од проблематиката која ја опфаќаме:

- Отстапки на нормалните вредности во рбетот (кифоза, лордоза, сколиоза и др)

- Подобрување на физички способности (сила, брзина, силина, флексибилност, издржливост,кординација)

- Подобрување на когнитивната и комотативната состојба, намалување на хиперактивноста и агресивноста и други активности