
Програма за работно оспособување и животни вештини – водена од дефектолог и психолог, има за цел да ги подобри работните вештини на лицата со посебни потреби, да ги зголемиможностите за нивно вработување, независност и самостојно живеење. Самостојноста, самодовербата,самопочитта и позитивниот концепт за себе се работи според АВА методот. Програмата е предвидена за лица над 15 години, но заради постигнување подобри резултати се вклучени и деца од помала возраст. Се состои од следните активности:
- Работилница за изработка на рециклирана хартија (користејќи стара хартија се изработуваат нови картички, честитки и едукативни материјали);
- Часови по готвење;
- Градинарска работилница (оранжерија за одгледување растенија, овошје и зеленчук кои се користат во кујната);
- Креативна работилница (изработка на свеќи, украси, слики);
- Часови по информатика;
- Активности за основни животни вештини според индивидуален план за секој корисник во согласност со неговите потреби и интереси (пр. грижа за просторот за живеење, хигиенски навики, диплење облека, набавка на основни продукти).
0 Коментари
Сеуште нема коментари.