Центарот Мајка Тереза овозможува превоз на дел од корисниците со сопствено возило          . Има вработено возач кој има поминато обука за превоз и помош на лица со попреченост. Возилото е комбе и е прилагодено според потребите на корисниците. Освен од Гевгелија, превозот го  користат и корисниците од Негорци, Богородица и Богданци, од понеделник до петок. Дневно, во просек, комбето изминува од  55 до 70 км. Превозот се користи и за одење на други настани (социјална инклузија) на корисниците на услуги на Центарот Мајка Тереза во придружба на вработените, кои се случуваат во општина Гевгелија, но и пошироко.